Алексеј Стојановски, член на тенискиот клуб „Тумба” од Куманово уште еднаш ги покажа своите квалитети откако триумфираше на Отвореното првенството во тенис за јуниори и јуниорки до 16 години кој се одржа во Скопје. Организатор беше Тениската федерација на Македонија, а домаќин беше тенискиот клуб „Монако“ од Скопје.
„Младиот кумановец во финалето беше подобар од Стефан Дебрешлиоски од Скопје . Како тим упатуваме искрени честитки на Алексеј и посакуваме да бележи уште многи поголеми резултати во периодот кој следи“, пишува во објавата на спортски клуб „Тумба“.