Министерството за внатрешни работи информира дека вчеравечер во Куманово, околу 19:25 часот, патничко возило „даеву тико“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 23-годишно лице удрило во 67-годишен пешак.
Поради ударот, жената- пешак се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Општата болница Куманово.
Извршен е увид од екипа на СВР Куманово.