Од први февруари, наместо опомени за сторени сообраќајни прекршоци следуваат казни за граѓаните во рамките на проектот „Безбеден град“.
„Тестирањето, калибрацијата и верификацијата на поставените уреди за сообраќаен надзор се завршени“, соопшти денеска портпаролката на Секторот за внатрешни работи Куманово Ивана Младеновска.