На 05.02.2026 во 01:15 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 36-годишен кумановец, затоа што во казино во Куманово со остар предмет се заканувал кон вработено лице како физичко обезбедување во објектот. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 04.02.2026 во 20:50 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 38-годишен жител на Демир Капија затоа што физички ја нападнал неговата вонбрачна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 04.02.2026 во 13:40 часот во село Љубодраг, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода две лица на возраст од 37 и 29 години од Куманово. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возила „шкода“ и „опел“ и по преземени мерки било констатирано дека возачите ги управувале возилата без положен возачки испит.
Известен е јавен обвинител и по негова насока возилата се одземени, а по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.