Општинското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ одбележува 67 години успешно постоење и работа.
Во знак на почит и благодарност кон ликот и делото на народниот херој и учесник во НОБ денеска пред бистата на Карпош во дворот на училиштето во населбата Перо Чичо свежо цвеќе положија делегации на Општина Куманово, предводена од раководителот на секторот за образование Александар Јовановиќ и на Советот, предводена од претседателката Ивана Ѓорѓиевска.
По повод патрониот празник од страна на учениците и наставниците беше организирана свечена приредба под мотото „Учиме, создаваме, постоиме”, која се одржа во спортската сала на училиштето, а пред бистата на патронот беше прочитана поезија.