Сојузот на борци од Куманово и годинава ќе го одбележи формирањето на Третата македонска ударна бригада на 26 февруари во 1944 година во селото Жегљане.
Граѓаните кои што сакаат да присуствуваат на прославата по повод 82 години од формирањето на бригадата, утре можат да се пријават за организирано заминување, во просториите на општинската организација во зградата на поранешен комитет.
„Канцеларијата ќе биде отворена од 10 часот“, информира Зора Ивановска, член на претседателството на Сојузот на борци од Куманово.