„Киро Бурназ “ ќе дава под закуп простор

Учениците од средното стручно училиште „Киро Бурназ “ во најскоро време ќе имаат можност да се снабдат со топол оброк од киоск кој што е лоциран во училишниот двор , наместо како досега да пешачат и повеќе од  петстотини метри за да купат појадок. На денешната седница, советниците ја усвоија Предлог -одлуката  за давање согласност на одлуката на Училишниот одбор на земјоделското училиште во Долно Којнаре за издавање на простор под закуп. Одлуката е во интерес на учениците, смета директорката Весна Трајковска.

Дел од советниците сметаат дека со просторот кој што ќе се дава под закуп изминативе години  училиштето требало да стопанисува со него, а учениците од прехранбената струка да обезбедуваат кифли и бели пецива кои што ќе се продаваат  на средношколците.

На седницата беа усвоени и годишниот  извештај  за работа на средното стручно училиште „ Киро Бурназ“  за учебната 2015-16 и годишната  програма за работа  на истото училиште за учебната 2016-17-та година.

Коментари

коментар(и)