Продолжуваат активностите во рамките на проектот – Изградба на атмосферска канализација и реконструкција на улицата „Моша Пијаде“.
Како што информират од Општина Куманово, во претстојниот период ќе се отстрануваат постојаната асфалтна конструкција и рабниците по целата ширина и речиси целата должина на улицата. Пристапот на возила ќе биде отежнат, се до обезбедување на услови за повторен проток на сообраќајот. Оваа процедура е неопходна заради намалување на безбедноста при движење на граѓаните и возилата, како и заради безбедно и непречено извршување на градежните работи.
Општина Куманово апелира до граѓаните да не ги паркираат своите возила во непосредна близина на местата, каде што активно се изведуваат градежните работи. Проектот е финансиран од страна на Светската банка преку Министерството за транспорт на Македонија.