СВР Куманово поднесе кривична пријава против 24-годишен кумановец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, на 28.05.2026 на автопатот Куманово – Табановце, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, кое го управувал пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин, соопшти полицијата.