Започнаа уписите во јавните средни училишта во учебната 2026-2027 година. Пријавувањето како и во изминатите години е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со веќе постоечките кориснички сметки на schools.mk.
Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од 12 до 15 јуни, а доставувањето на потребната документација до училиштата е на 16 и 17 јуни. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, училиштата треба да ја објават на 18 јуни.
Второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 23 јуни, додека доставувањето на потребната документација до училиштата е на 24 јуни. Третото пријавување е на 20 август.