Со изведба на претставата „Име“ од Театар Комедија Скопје започна 19-тиот Меѓународен фестивал „Денови на комедија 2016“. На годинешново издание, љубителите на комедијата ќе имаат можност да проследат 13 претстави од кои девет од Македонија, а останатите од театрите во Србија, Бугарија и Косово. Фестивалот кој е во организација на центарот за култура, а поддржана од надлежното министерство има ревијален карактер. Речиси за сите претстави билетите однапред се распродадени.
– Како и секогаш и оваа година интересот е фокусуран на почетокот и на завршетокот на фестивалот, и на претставите од странство иако и за сите а култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, Сашо Костовски, в.д. директор на Центар за култура „Трајко Прокопиев“
И годинава се избрани најдобрите комедии во македонска продукција , но и претставите однадвор се внимателно одбрани и ветуваат одлична посетеност, сметаат надлежните.
-Кумановската публика го поддржува фестивалот,што може да се забележи вечерва и присутна е на сите претстави,што значи дека фестивалот си го положи испитот и стана една потреба на кумановската публика за релаксација“-изјави Ристо Стефановски, член на советот на фестивалот
И публиката е задоволна од изборот на претставите.
Фестивалот „Денови на комедија“ завршува на 15-ти октомври со комедијата „ Бегај еве ја жена ти(Па не баш) во режија на Коле Ангеловски , а во изведба на кумановскиот Театар.