Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 44-годишен кумановец.
Според полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.