Во организација на Здружението на пензионери од Куманово, во Занаетчиски дом, се одржа Фестивал на хорски ансамбли. На овој културен настан настапија хорски состави од Куманово, Виница, Прилеп, Кочани и скопските општини Центар и Чаир. Традиционалната манифестација ја отвори претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, која ја потенцираше оваа несекојдневна можност за другарување, преку споделување на љубовта кон музиката и македонската традиција.