По повод 13 години работа и постоењe, КУД „Српски вез“ овој викенд организира два големи концерти.
Утревечер во големата сала на НУЦК „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи заеднички концерт на Националниот ансамбл „Венац“ од Грачаница и КУД „Српски вез“. „Венац“ е професионален ансамбл кој првпат доаѓа во Куманово по повод роденденот на „Српски вез“ и големиот празник на Србите – Видовден.
Главниот настан, концертот на КУД „Српски вез“ ќе се одржи на 20 јуни (сабота) исто така во НУЦК „Трајко Прокопиев“ од 19 часот. На концертот ќе настапат сите седум фолклорни групи, етно групата, пејачката група и дел од драмската секција. Исто така специјални гости во програмскиот дел ќе бидат КУД „Дрина“ од Аугсбург – Германија и Фолклорен анасамбл на Центарот за култура од Врбас, Србија.
На овој важен настан за „Српски вез“, ќе присуствуваат министри од Владата на Р.Северна Македонија, Владата на Р.Србија, градоначалникот на Куманово, како и гости Македонија, од регионот и дијаспората, информираат од културно-уметничкото дружтво „Српски вез“.
Овој концерте е поддржан од страна на Министертсво за надворешни работи на Р.Србија – Управа за соработка со дијаспора и Србите од регион, Министесртво за однос помеѓу заедниците на Р.С.Македонија и Општина Куманово.