Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 72-годишен жител на кумановско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа во селото се однесувал агресивно и упатувал закани кон неговата 66- годишна поранешна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.