Од 01.07.2026 година, лекот enoxaparine (клексан) е обезбеден преку позитивната листа на лекови и може да се набавува и издава во аптеките кои имаат склучен договор со Фондот. На овој начин, осигурените лица лекот го подигнуваат во аптеките кои имаат договор со Фондот, врз основа на рецепт издаден од избраниот лекар, без претходно да го купуваат и потоа да поднесуваат барање за рефундација, информираат од Фондот за здравствено осигурување.
Освен клексан, од први јули на позитивната листа се уште два лека против згрутчување на крвта (nadroparin и rivaroxaban), соопшти денеска на прес-конференција во Владата, генералниот директор на Фондот Сашо Клековски.