Јавното претпријатие „Куманово гас“ и годинава продолжува со нови приклучоци и ширење на дистрибутивната гасоводна мрежа.
„До крајот на месец јули ќе биде завршен проектот за приклучок на Спортската сала, а во текот на 2026 година планирани се неколку капитални приклучоци“, најави директорот Марко Митровски, на седницата за советнички прашања.
„Минатата година девет објекти, општински и државни институции станаа корисници на природниот гас, а до почетокот на новата грејна сезона нови корисници би требало да бидат и Здравствениот дом, основните училишта „Вук Караџиќ“ и „Наим Фрашери“ и објектот Славејче од детската градинка „Ангел Шајче“, истакна Митровски.