И летово ќе се организираат повеќе културни манифестации во рамките на „Кумановско културно лето“. Настаните во организација на Фондацијата за култура и спорт започнуваат на 31 јули со „Бдеење на кокински мугри“- културно- уметничко чествување на изгрејсонцето, а завршуваат на 24 август со „Тумба фест“ на градскиот плоштад.
Во меѓувреме ќе се одржи и неколкудневната Интернационална ликовна колонија „Куманово 2026“, ќе бидат промовирани книги од авторот Бобан Петковски насловени „Калдрма“ и „Страв и трепет“, ќе се одржи концерт на епска песна, 22 -то издание на Меѓународниот тамбурашки фестивал, Рома-труба фест и урбаниот фестивал „Тумбсток“.
„Кумановско културно лето“ се одржува четврта година по ред. Програмата нуди културни содржини за сите генерации и возрасти, ја негува традицијата и вистинските вредности на сите заедници во Куманово.