Поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, Владата прогласи кризна состојба на територијата на целата држава која ќе трае 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година.
„Во рамките на донесената одлука се предвидува активирање на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање и во рок од 24 часа ќе изготви акциски план за превенција и справување со пожарите, преглед на расположливите човечки и материјално-технички ресурси, како и план за координирано дејствување на сите надлежни институции“, стои во соопштението.