Советот на Општина Куманово на 31 август ќе одржи редовна седница со предложени 107 точки на дневниот ред. Меѓу нив, годишните програми за работа на училиштата во Куманово, предлог – одлука за давање на согласност за формирање на паралелки во прва година со помалку од 25 ученици во општинските средни училишта во новата учебна година, извештаи за финансиско работење и годишен план за вработување во јавните претпријатија и Општина Куманово во 2027 година, како и предлог-одлука за проширување на средствата на буџетот на Општина Куманово за 2026 година.
Седницата е со директен пренос на програмата на ТВ Плус.