Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, вчера попладне оствари средба со градоначалникот на Куманово и претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски.
Според објавата на министерот Серафимовски, со Димитриевски разговарале за развојните приоритети, за потребата институциите да дејствуваат усогласено и за одговорноста на јавните функционери да испорачуваат позитивни резултати за граѓаните.
„Кога постои заедничка и споделена идеја за развојот на државата, тогаш разговорот спонтано тече во насока кон она што може заеднички да се постигне“, напиша Серафимовски.