Продолжуваат градежните активности во индустриската зона „Новини и Речица“, каде се поставува завршниот слој асфалт, објави градоначалникот Максим Димитриевски.
Според објавата на Димитриевски, во оваа фаза се предвидува асфалтирање на 7.500 м² со асфалтна мешавина AB16s, на ул. 8, ул. 4, ул. 3, ул. 5, ул. 6 и дел од ул. 2. Дел од улиците се завршени во текот на вчерашниот ден, а активностите ќе продолжат и во наредните неколку дена, до целосно завршување на предвидените работи.
„Продолжуваме со унапредување на инфраструктурата и создавање подобри услови за развој на бизнисот и нови инвестиции во Куманово“, напиша Димитриевски.