Градоначалникот Максим Димитриевски и претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија Томица Главчев денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој дополнително се зајакнува партнерството помеѓу Општина Куманово и Федерацијата.
„Нашата заедничка определба е јасна – да создаваме подобри услови за развој и унапредување на кошарката, спортот и спортските вредности, како и да го афирмираме Куманово како град со богата спортска традиција и потенцијал за организација на големи спортски настани. Особено ме радува што, во рамките на договорената соработка, заеднички изразивме намера Суперкупот на Македонија во машка и женска сениорска конкуренција да се одржи во Куманово на 26 или 27 септември 2026 година“, истакна градоначалникот Димитриевски.
Дополнително, Куманово ќе биде домаќин и на завршните натпревари од Купот на Македонија во 2027 и 2028 година, во машка и женска сениорска конкуренција.
