На тениските терени кај спортската сала денеска се одиграа финалните натпревари од Меѓународниот турнир „Tennis Europe – Тумба Куманово Опен 2026“, во организација на тенискиот клуб „Тумба“. На турнирот учествуваа педесетина учесници од десет европски земји.
Најдобрите учесници се наградени со пехари, а освоените бодови ќе имаат значење и за нивниот натамошен пласман на ранг-листата.
Одржувањето на „Tennis Europe – Тумба Куманово Опен 2026“ е значаен спортски настан за Куманово, кој покрај промоцијата на тенисот и младите спортски таленти, претставува и можност за афирмација на градот и државата како домаќини на меѓународни спортски натпревари, посочуваат од клубот.
Ова е втор значаен тениски настан во краток период во организација на ТК „Тумба“. Минатиот викенд клубот беше домаќин на Отвореното првенство на Македонија за јуниори и јуниорки до 16 години, на кое учествуваа повеќе од 40 натпреварувачи во двете конкуренции.