Со средства обезбедени од хуманитарната организација „Срби за Србите“, реновирано е подрачното училиште „11 Октомври“ во с. Долно Којнаре.
На свеченото пуштање во употреба на обновениот училишен објект присуствуваа претставници од главниот донатор од Србија, од Општина Куманово и Советот, од општинските основни училишта, помагатели од локалното население и претставници од општествено одговорни субјекти.
Учениците и наставниците се претставија со кратка пригодна културно – уметничка програма пред поканетите гости.
Српскиот културно-информативен центар „Спона“ и хуманитарната организација минатата година финансиски го поддржаа и реновирањето на подрачното училиште во село Речица.