„Општина Куманово ќе ангажира дополнителни сили со техничка механизација да излезе на терен, а ќе побара помош и од општествено одговорни компании“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски по денешната средба со месното население на село Пчиња на која разговараа за актуелната состојба и можното решение на повеќедеценискиот проблем со депонијата Краста.
„Градоначалникот усно ни гарантираше дека за два дена ќе се обезбеди соодветна механизација за да се санира проблемот. Но, тука не го гледаме решението. Бараме на повисоко ниво да се разгледа нашиот проблем“, изјави по состанокот Александар Илиевски претседател на МЗ Пчиња.
Видеото со изјавите од Димитриевски и Илиевски, по вестите во 18 часот.