Екипите на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие бележат четири интервенции во Општина Липково, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според билтенот на РЦУК, пожарникарите гаснеле опожарена сува трева во селата Никуштак, Слупчане, Ропаљце и во Липково во близина на браната.