До 31 октомври годинава трае јавниот повик за доделување субвенции за приклучување на природен гас и за набавка на котел на гас, преку кој домаќинствата можат да добијат финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци.
Според Министерството за енергетика за оваа мерка обезбедени се 3 милиони денари, а средствата ќе се доделуваат согласно условите од јавниот повик. Средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, до нивно исцрпување“.
Паралелно, трае и повикот за субвенции за приклучок на природен гас од Општина Куманово во износ од 25.000 денари, информира директорот на ЈП „Куманово гас“, Марко Митровски.