Во кумановско Ново село на 25 октомври годинава ќе се одржи манифестацијата „Есенско пазарче“, традиционално во организација на здружението за локален и рурален развој „Ума сто“. Целта на настанот, кој започнува во 10.30 часот е промоција на локалното производство и развојот на селскиот туризам, информира Роза Трајковиќ, претседател на здружението „Ума Сто“.