За Ноемвриска награда аплицирале 17 кандидати

За највиското општинско признание Ноемвриска награда годинава аплицирале  17  кандидати. Станува збор за поединци и правни лица од различни области, екологија, спорт, култура, менаџмент, информирање, велат од Комисијата за доделување на награди и признанија и одбележување на празници и манифестации.

-Еден од условите да се добие ноемврсика награда е да бидат познати на пшироката јавност кандидатите било да станува збор за поединци или за правни лица, и дел од нив навистина се добро познати на кумановската јавност со својата дејност која што е повеќегодишна, некои од нив помалку познати но еве прилика да и ние се запознаеме со нивната дејност а се надевам дека и со ваша помош како новинари ќе се запознае кумановската јавност со она што овие луѓе го работат. Ова се однесува особено на помладите , оние што се повозрасни веќе ги знае јавноста , имаме добар избор и сметам дека ќе бидат задоволни оние што ќе ја добијат наградата, изјави Снежана Захариева, претседател на Комисија за доделување на награди

Правилникот не пропишува и нема ограничување колку награди треба да  бидат доделени. Најмногу досега биле доделени 17 ноемвриски награди за една година. Ова општинско признание постои од 1972 година.

-Имало  случај кога била доделена само една награда, имаше година кога не беше доделена наградата, се сеќавате, значи нема ограничување, зависно од тоа колку ги исполнуваат условите и колку имаат приложено како она што е нивна дејност -изјави Захариева.

Ноемвриските награди на добитниците ќе им бидат доделени на свечената седница по повод Денот на ослободувањето на градот.

Коментари

коментар(и)