Во тек се активности за чистење на речното корито на река Кумановка, со цел подобрување на хигиената, заштита на животната средина и уредување на речниот тек. Работите опфаќаат отстранување на отпадот, продлабочување и расчистување на коритото, како и отстранување на ниската вегетација. За реализација на активностите, Општина Куманово склучи договор со фирма од Скопје во вредност од 1,5 милиони денари без ДДВ, односно 1,77 милиони денари со вклучен ДДВ.