„Крепост “ донираше на семејство од Враготурце

Хуманитарната организација „Крепост “ уште еднаш ја покажа својата хуманост на дело. Од собраните средства во хуманитарната акција организирана со цел да му се помогне на осумчленото семејство Младеновски од селото Враготурце денеска во соработка со Алфи техноцентар беше купен шпорет на дрва и врачен на 48 годишниот Новко, татко на пет деца со оштетен вид. Радоста на слепиот татко беше неизмерна. Конечно ќе се стоплат во трошната куќичка како сите останати луѓе, без да вдишуваат чад од стариот распукнат шпорет.

-Упативме апел до сите граѓани на општина Куманово дека се работи за едно специфично семејство кое што е многу далеку од куманово кое што едвај ги издржува овие тешки зимски денови , патуваат по неколку киломтери дечињата за да стигнат на училиште имаат проблеми со видот речиси се слепи и така во пресрет на овие ладни зимски денови во соработка со хуманите граѓани на Куманово одлучивме на истите да им подариме еден шпорет на дрва, сметаме дека во нивната трошна куќичка каде што имаме многу лош впечаток дека тешко може да се преживее , тие кажаа дека тоа им е најпотребно во зимските денови, го купивме шпоретот со парите донирани од граѓаните заедно со Алфи техноцентар, изјави  Христијан Георгиевски, ХО „Крепост“

-Тоа ќе значи за нашето семејство многу голема помош и многу сум благодарен за тоа. Во празна куќа се недостасува, душеци  за двосед и тросед,  судопер, машина за перење,  изјави Новко Младеновски од село Враготурце.

Шпоретот беше само дел од донацијата на хуманитарната организација Крепост наменета за ова семејство. Младеновски добија и храна, облека, постелнина.

– Во акцијата беше вклучено членството кое што работи во црквата Свети Никола каде што е собрана скромна донација во пакети со храна, облека, обувки, постелнина, јоргани, перници и друго,  изјави Георгиевски.

Донацијата е добредојдена за Младеновски, но сепак според Новко, семејството ќе биде комплетно среќно кога ќе им биде доделен социјален стан во општина Старо Нагоричане. Тоа ќе значи дека осумгодишната Елеонора нема да мора да пешачи по десет километри како сега за да стигне на училиште во Пелинце.

– Никој не се јави да ми понуди помош, стан ми е најпотребен. Детето секојдневно патува пеш,  нема кој да го води, лоши времиња се , студено време, дожд, јас сум слеп човек, детето ќе има изостаноци.  Се јавија за сместување во интернат во Драгоманце, но тој интернат не одговара,  на детето му  треба постојана грижа бидејќи е со посебни потреби.  Две дечиња се во Завод за рехабилитација Кисела Вода во  Скопје.  Само колку да го одбележиме денот, сиромашки, во домашна атмосфера, изјави Новко Младеновски од Враготурце.

Освен на Младеновски, хуманитарната организација „Крепост“ планира во пресрет на  новогодишните и божиќните празници да донира на повеќе од 20 семејства кои што живеат во руралните средини .

Коментари

коментар(и)