Кумановскиот театар подготвува премиера

Кумановскиот театар оваа година ќе ја започне со претстава од сопствени средства. Станува збор за  трагикомедија насловена Семејството Тот по текст на унгарскиот автор Иштван Еркењ, а во режија на Мартин Лазаревски ,  актер во кумановскиот театар.

– Премиерата ја очекуваме најреално на почеток на февруари, меѓутоа може да се случи и на крајот на јануари. Во оваа претстава е вклучен ансамбл од кумановскиот театар , вклучени се пет актери , тоа е ансамблот кој игра во оваа траги- комедија , мислам дека ќе им се допадне она што се однесува на сценографија, костимографија, актерска игра, изјави Симона Тоскиќ, продуцент во кумановскиот театар

Три претстави од сопствени средства актерите од  кумановскиот театар реализирале  и минатата година, две детски и една за возрасни. Заедно со овие,  во 2016-та година на репертоар се најдоа осум наслови. „Со овој репертоар сметаме дека сепак одговоривме на дел од желбите на  граѓаните на Куманово“ , вели Тоскиќ. Но според неа , кумановскиот театар заслужува да добие барем по уште една претстава за македонската и  албанската драма , бидејќи од година в година се зголемува бројот на театарската публика.

– Две претстави беа реализирани од министерството за култура , две од претходната година , значи 4 наслови, зборувам за Бегај еве ја жена ти 2 со која го затворивме фестивалот Денови на комедија , Зад кулисите, Жена од минатото и Ревизор. Ревизор и Бегај еве ја жена ти 2 беа спонзорирани од министерството за култура за оваа година.  Сепак се работи за два театра во една иста институција каде што треба да се усогласат сцена со техника, со сценски работници, со изведби, меѓутоа ние сме задоволни од бројката на претстави , изјави Симона Тоскиќ, продуцент

90 изведби односно 90 премиери со репризи вклучувајќи го и фестивалот Денови на комедијата реализирале актерите од македонска драма минатата година. Бројката на публиката достигнала до  17.447 што е за речиси 6. 000  посетители повеќе  споредбено со 2015-та година.

Според програмата на Министерството за култура кумановскиот театар досега добиваше средства само за реализација на четири претстави, од кои двете се на македонски, а две на албански јазик, за што критичарите сметаат дека не е доволно. Надлежните од кумановскиот театар се надеваат дека годинава ќе добијат средства за плус претстава.

Коментари

коментар(и)