Проодни се патните правци во општина Старо Нагоричане

Општината Старо Нагоричане  во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи успешно се справува со снежните навеви на патиштата . Асфалтираните патишта ги расчистува фирмата за зимско одржување „Ѓорго комерц “ , а за приодите кон планинските села дополнително се ангажира  механизација од владините институции , информира градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Милован Стојковски.

-Во моментов нема не расчистени патни правци на територијата на општината, но зависно од снежните врнежи и ветерот, одвреме навреме се јавуваат навеви на патиштата кон селата Бајловце, Дејловце и Длабочица, каде што веќе е испратена потребната механизација , вели Стојковски. Градоначалникот потенцира дека вообичаено за зимско одржување на патиштата во општината се одвојуваат околу 5.000 евра. Според него, кризниот штаб е мобилен , секојдневно е во контакт со претседателите на сите месни заедници во општината. Поради снежните навеви на патниот правец кон селото Бајловце учениците денеска не стигнаа на настава , но се надевам дека до утре патот ќе биде расчистен , а децата во своите училишни клупи, изјави градоначалникот Стојковски.

 

Коментари

коментар(и)