Земјоделците ќе протестираат поради неисплатени субвенции

Земјоделците од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане утре со почеток во 12 часот, ќе одржат протест пред Министерството за земојделство, шумарство и водостопанство во Скопје, поради неисплатени субвенции. Тие истакнаа дека изминатиов период се соочиле со бројни проблеми.

-Од 2006 година наваму се случија повеќе изборни циклуси до 2014 година сувенциите се исплаќаа не би рекол навремено но секогаш се темпира намерно пред избори, сега од 2014 година наваму не се исплаќаат субвенции што наша процена е дека нема пари за исплата па затоа ни велат ова е она е и го губиме трпението го креваме својот глас и ги повикуваме сите земјоделци да активно да излезат утре на протест-посочи Саша Арсиќ, земјоделско здружение Спас општина Куманово.

Тие бараат институциите да започнат да функционираат за да може навреме да ги извршат своите обврски но и давачки за репроматеријали.  Додадоа дека голем дел од земјоделците немаат земено субвенции за 2014-та, 2015-та и 2016-та година.

-Исто и ние се приклучуваме кон ова да не се повторуваме како здружение што функционира на општина Липково. Гледаме што се случува секој ден, сакаме да функционираат инситуциите. Ова го кажуваме бидејќи со министерот постојано сме во контакт заради проблемите со субвенциите како што наидува пролетната сеидба системот за наводнување не функционира знаеме каде и да се обратиме дека нема ни Парламент ни Влада ништо не функцинира па затоа го правиме ова да се освестиме сите-нагласи Менду Нухиа од здружението Агрокултура од Липково.

На ниво на кумановскиот регион се регистирани околу 9.000 земјоделски стопанства додека во општина Липково минатата година се забележани 100 сточари.  Тие ги повикаа сите земојделци што помасовно да се приклучат на утрешниот протест во Скопје.

 

 

 

Коментари

коментар(и)