Ристовска: Во Македонија не владее правото

„Во Македонија  веќе не владеат правото и правдата,  не владее  демократскиот систем, не владе гласот даден на избори.  Вистината што боли е дека Македонија е заземена насила од силна групација која систематски ја уништува само со една цел затворање на македонското прашање , бришење на македонскиот идентитет, преземање на македонската држава и нејзино федерализирање“  потенцираше актерката Вера Ристевска по синоќешниот протестен марш.

Кумановци кои што синоќа се приклучија на маршот што го организира иницијативата „За заедничка Македонија“  уште еднаш побараа отфрлање на тиранската платформа, зачувување на унитарниот карактер на државата и избори со кои, како што велат, ќе се реши оваа криза.

Овој пат граѓаните маршираа од Соколанскиот парк, по што продолжија да се движат по централните градски улици и маршот го завршија пред платото на Центарот за култура.

Протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“ продолжуваат и наредните денови.

Коментари

коментар(и)