Културно уметничкото друштво „Српски вез“ традиционално со годишен концерт го прослави своето четиригодишно постоење, а воедно го презентираше и сето она што го има сработено изминатата година. Посетителите изминатиов викенд во центарот за култура имаа можност да уживаат во богата културно- уметничка програма, во настапите на трите групи на „Српски вез“ од Куманово, но и настапите на специјалните гости на вечерта Национален ансамбл „Венац“ од Грачаница, Косово и КУД „ Кочо Рацин“ од Скопје.
Културно-уметничкото друштво иако постои само четири години во своите редови има повеќе од сто членови кои ја претставуваат српската култура, фолклор и традиција во Македонија. И оваа година концертот беше посветен на основачот на „ Српски вез“ , Горан Стојковиќ.
Концертот како и претходните години беше подржан од Министерството за култура на Република Србија, Управата за соработка со дијаспора и Србите во регионот и Министерството за култура на Република Македонија.