СДСМ ќе ги запознава граѓаните со Планот за живот

Со планот за живот во општина Куманово ќе излеземе со нови, сериозни капитални проекти коишто ќе значат директен бенефит за секој граѓанин, истакна кандидатот за градоначалникот од коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Максим Димитриевски. Тој најави дека во наредниот период ќе започнат со посета на домаќинства, со цел да ги слушнат проблемите на граѓаните, и во име на СДСМ да го понудат планот за живот во Куманово.

-Денеска и официјално ја отпочнуваме нашата предизборна кампања и сакаме во овој период којшто претстои јас како иден градоначалник на општина Куманово и сите кандидати за советници од советничката листа на Социјалдемократскиот сојуз и нашите коалициони партнери да го претставиме планот за живот во општина Куманово. Имаме сериозна политичка програма со која ќе настапиме достоинствено ќе влеземе во секоја врата ќе го посетиме секој дом и домаќинство и ќе ја побараме вашата поддршка. Затоа што сакаме да го промениме ликот на Куманово. Сакаме да изградиме и создадеме една модерна и урбана целина во која сите нејзини граѓани ќе живеат сложно и просперитетно-посочи тој.

Димитриевски истакна дека кумановци ги очекуваат голем број проекти кои досега не биле реализирани.

 

Коментари

коментар(и)