Кандидатите за советници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека при средбите со граѓаните од различни локации, заклучиле дека одржување на хигиената во градот е заеднички проблем за сите. Тие информираат дека во нивната програма предвидуваат неколку проекти за решавање на овој проблем.
-Како прво предвидуваме проект за селективно собирање на отпад а воедно и предвидуваме и стимулирање на самите граѓани за овој начин на собирање на отпад. Исто така предвидуваме поставување на корпи за отпадоци на сите пофреквентни делови од градот како и што е многу важно нивно редовно одржување. Редовните плаќачи на комуналните давачки планираме да ги стимулираме со давање на бесплатни унифицирани канти за селективен отпад-истакна носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Петковски.
Од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ нагласија дека дивите депонии во градот, како и во руралните средини планираат да ги расчистат а воедно и да преземат мерки против нивното повторно создавање.
-За јавното претпријатие Чистота и Зеленило планираме конечно да почне да се занимава со основната дејност за која што е формирано а никако досега со периферните дејности како угостителство и стопанисување со спортски објекти-посочи Петковски.
Тие сметаат дека со овие мерки но и многу други ќе се промени состојбата со хигиената во градот.
