Дечињата се подготвуваат за 3-та Бадникова поворка

Во пресрет на Христовото раѓање-Божиќ, во недела на 6-ти јануари ќе се одржи 3-та по ред Бадникова поворка. Дечињата, заедно со организаторите, односно група верници од Куманово, денеска во соборниот храм Свети Никола, ја одржаа третата проба, пеејќи ја песната Вечниот Бог. Инаку децата како и претходните години е планирано носејќи ја пештерата на раце, со икони и торбички за дарови и пеејќи ја песната да го наговестат раѓањето на Исус Христос и да продефилираат низ централното градско подрачје. Организаторите истакнаа дека се среќни што секоја година се повеќе се зголемува бројот на најмалите кои сакаат да им се придружат.

-Бадниковите поворки е движење во повеќе земји православниот свет, се јавува во Русија, Грција, Украина и во Македонија. Ова движење го најавува раѓањето на Христос, односно Божиќ а се одржува традиционално на Бадник. Се практикувало се до Втората светска војна кај нас но потоа престанува, во некои градови како Крушево, Берово, Охрид, Струга се практикувало  и имало такви случувања меѓутоа кај нас официјално го озобновува игуманот на Бигорскиот манастир отец Партениј и благодарение на него ова во некои градови се одржувало во Куманово конкретно е трета година, во Скопје шеста и така го омасовуваме, наменето е за деца, воедно ве поканувам  на 6-ти да ни се придружите-истакна Ана Денковиќ Антевска, кој е дел од организаторите.

Бадниковата поворка се одржува и со благослов од митрополитот на кумановско осоговската епархија, Јосиф. Заинтересираните деца се уште можат да се пријават за учество во Бадниковата поворка.

Коментари

коментар(и)