Ротаракт клуб Куманово традиционално во пресред на новогодишните празници, денеска организираше акција за собирање храна за социјално загрозени семејства, која се одржа во супермаркетот Тинекс. Ова е четврта акција насловена Новогодишна кошница, а хуманите граѓани освен храна, донираа и средства за лична хигиена.
-Првата година средствата беа наменети за социјално загрозени семејства, втората за народна кујна, третата за децата без родители. Оваа година одлучивме да биде тоа донација за социјално загрозени семејства од село Клечовце. Годинава имавме и акција со новогодишни пакетчиња во тоа училиште и увидовме дека има потреба од ваква активност таму. Од година в година се надминуваме себе си во собрани количини храна и средства за лична хигиена и се надеваме дека и оваа година што претстои ќе биде успешна како и минатата-истакна Александар Ташковски, член на Ротаракт Куманово.
Од Ротаракт Куманово нагласија дека кумановци четврта година по ред докажуваат дека се хуман народ.