Прослава на Бадник на градскиот плоштад организира СДСМ

На градскиот плоштад задутре ќе се одржи традиционалната прослава на христијански празник Бадник, во организација на СДСМ.

На 25-та прослава која  ќе започне во 21  часот ќе се запали бадниковиот оган, а на граѓаните ќе им бидат поделени 500 лепчиња, во кои ќе има еден златник и 10 сребреници. На останатите присутни ќе се подели овошје.

-Не случајно зборувам со особена чест и задоволство, бидејќи 25 години е навистина една традиција која има интенција да заземе навистина значајна улога на мапата на манифестации во Куманово, а е во организација на ОО на СДСМ Куманово. Ве канам по завршување на оние стандарди обреди делење на паричката во своите домови, да излезете на градскиот плоштад, да се дружиме и да го прославиме Христовото раѓање. Оваа прилика уште еднаш ја користам да им го честитам големиот христијански празник на нашите сограѓани, Божиќ-истакна Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово.

Манифестацијата ќе биде збогатена и со музичка програма.

Коментари

коментар(и)