Сашо Стошевски нов советник во Советот на општина Куманово

Сашо Стошевски од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ  е нов советник во Советот на општина Куманово. Неговиот мандат денеска го верифицираше комисијата за верификација при Советот на општината. Новиот советник свечено вети дека со преземањето на функцијата ќе ги застапува интересите на граѓаните на Општина Куманово.

-Свечено изјавувам дека права и должностите на член во Советот ќе ги вршам совесно и дека при нивното вршење ќе ги почитувам, Уставот, законот, пропистите на Советот и дека ќе го штитам уставниот поредок на Република Македонија-изјави тој.

Претседател на верификационата комисија, Миле Андоновски истакна дека го разгледале уверението за избраниот советник, издадено од изборната општинска комисија и утврдиле дека има уредно и врз основа на закон поднесено уверение за изборот.  Извештајот беше прифатен едногласно со 31 гласа „за“, по што беше усвоена и предлог одлуката за верификација на мандатот.

Стошевски е вработен во Фондот за здравствено осигурување Куманово. Инаку тој доаѓа на местото на Срѓан Рашити кој поради неоправдано отсуство од три последователни седници беше разрешен од функцијата.

Коментари

коментар(и)