Aлтернатива Куманово организираше крводарителска акција

Министерот за здравство, Беким Сали од крводарителска акција во Куманово, посочи дека земјава е една од најорганизираните, па последниве години не се случило да се јави недостаток на крвни единици. Тој апелираше граѓаните да даруваат крв, и да спасат човечки животи.

-Во континуитет имаме потреба од крвни единици. Црвениот крст заедно со Институтот за трансфузиологија во текот на целата година имаат програма за поддршка на иницијативи кои доаѓаат од политички партии, невладини организации, синдикати. Ние како држава сме добро организирани од аспект на поддршка на јавните здравствени установи за доволно потребни количини на крв, но и ваквите иницијативи ги подржуваме затоа што тоа е подигање на свеста кај граѓаните кон општествената одговорност во овој случај снабдување со доволни количини за потребите на итни случаи или пациенти кои лежат во болници. Крводарувањето го сметам како еден од најхуманите гестови кој човек ги прави, затоа што со ова дарува нешто што е свое, го дарува на некој кој има потреба во ургентни состојби спасува живот. Летото е специфично затоа што има повеќе движења и повеќе сообраќајни незгоди па се зголемува и потребата од количини на крв, но да напоменам дека пак во лето се намалуваат хируршките интервеции, така што се одржува некој баланс во државата и во јавните здравствени установи за потрбните колични на крв. Во текот на цела година имаме потреба од исти колични на крв, секоја година треба да имаме вакви акции-посочи министерот.

Задоволство од интересот за акцијата, изрази и координаторката Абази Љумтурие.

Крводарителската акција ја организираше огранокот на партијата Алтернатива во Куманово, со поддршка на Институтот за трансфузиологија и Црвениот крст.

Коментари

коментар(и)