Издадена монографијата „Трајко Муфтински“ од Славица Крстиќ

Издадена монографијата „Трајко Муфтински“ од Славица Крстиќ

Во издание на Музеј Куманово излезе од печат монографијата за „Трајко Муфтински“ од авторката Славица Крстиќ, советник документатор, историчар на уметност. Монографијата го опфаќа професионалното творештво на Муфтински, областа на иконописот, фрескосликарството и современото профано сликарство. Трајко Муфтиски, по пат на завештание, има подарено ликовни дела со теми од христијанската религија во одделението за историја на уметност во кумановскиот Музеј и, како што рече авторката, која е и истражувач на црковната уметност во кумановско –…

Read More

За утрешната седница на Советот на Општина Куманово предвидени се 46 точки

За утрешната седница на Советот на Општина Куманово предвидени се 46 точки

Вкупно 46 точки ќе се најдат на дневен ред на утрешната 51. седница на Советот на Општина Куманово. Советот започнува утре во 10 часот во големата сала на поранешен Комитет, со потсетување дека можете во живо да го следите токму преку преносот што ќе го емитува ТВ Плус.
 
Во продолжение точките од дневниот ред

Усвојување на записникот од Педесеттата седница на Советот на Општина Куманово

Извештај за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Куманово за 2020…

Read More

2020 година релативно безбедна поради намален криминалитет

2020 година релативно безбедна поради намален криминалитет

Повикувајќи се на статистичките податоци кои покажуваат намалување на криминалитетот, Секторот за внатрешни работи Куманово ја бележи минатата година како релативно поволна од безбедносен аспект.
Како што информираат од кумановската полиција, намалувачкиот тренд на кривичните дела е за 13,9 отсто, а зголемување на вкупната реализација за 0,5 проценти.
– Во текот на 2020 година превземени се организирани превентивно-репресивни мерки, од кои посебно се истакнуваат зголемување на заплена на наркотични дроги на подрачјето, намалување на извршените тешки кражби…

Read More

Двајца кумановци добија кривична пријава за фалсификување пари

Двајца кумановци добија кривична пријава за фалсификување пари

Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“, СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Р. (43) и Н.С. (32) од Куманово
– Пријавените, на 22 јануари 2021 од едно лице од Тетово, обезбедиле 37 фалсификувани банкноти во апоени од 50 евра. На 23 јануари 2021, во периодот од 05:00 до 06:00 часот, ги пуштиле во оптек како вистински во казино во Куманово, од кои 26 банкноти ги размениле кај вработените на каса во денари,…

Read More

81 е бројката казнети кумановци за вчерашниот ден

81 е бројката казнети кумановци за вчерашниот ден

Поради непочитување на законската обврска за задолжително носење заштитна маска, вчера казна добиле вкупно 81 лице во Куманово.
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (26.01/27.01.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 111 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.
Од издадените прекршочни налози најмногу биле од Куманово 81, во Крива Паланка 16 и во Кратово…

Read More

14 нови случаи на Ковид 19 во Куманово, од вкупните 394

14 нови случаи на Ковид 19 во Куманово, од вкупните 394

Во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19 во:-Скопје 190 -Кавадарци 29 -Велес 19-Делчево 16-Куманово 14 -Охрид 12 -Дебар 12 -Гостивар 11 -Прилеп 7-Штип 7 -Битола 7-Берово 7 -Демир Капија 7 -Кичево 6 -Тетово 5 -Струмица 5 -Гевгелија 5 -Свети Николе 4 -Неготино 4 -Виница 4 -Струга 3 -Кочани 3 -Крива Паланка 3 -Радовиш 3 -Крушево 3 -Ресен 2 -Пробиштип 2 -Кратово 2 -Пехчево 2.
Починати се 9…

Read More

Нова невладина организација во градот – „Иноватор“

Нова невладина организација во градот – „Иноватор“

Доколку се сеќавате на извонредната иницијатива во почетокот на Ковид 19 кризата, кога група технолошки ентузијасти деноноќно принтаа визири и ги донираа на здравствените работници -тогаш нема да се изненадите кога ќе чуете дека дел од овие луѓе повторно имаат генијална идеја. Се работи за отварањето на, како што самите го нарекуваат, едукативно-технолошкиот центар – ИНОВАТОР. Идејата постоела веќе некое време, но поради ситуацијата со вирусот, не можела да се имплементира во нашето секојдневие.
„Формирањето на…

Read More

Каков беџ ќе добијат македонските е-трговци?

Каков беџ ќе добијат македонските е-трговци?

Не само заради спас од сивата економија, туку и поради безбедноста при купувањето онлајн, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија воведува „Беџ за верификуван е-трговец”. Овој беџ ќе овозможи јасна дистинкција на онлајн продавниците кои се регистрирани субјекти и ги исполнуваат основните правила и законски прописи од останатите онлајн продавници кои не се целосно усогласени или пак воопшто не се регистрирани и се дел од нелегалната трговија.
Беџот за верификација е дел од иницијативата „Е-трговија за сите“,…

Read More

Ракометниот шампионат за жени завршува на 13ти Јуни

Ракометниот шампионат за жени завршува на 13ти Јуни

Женската ракометна лига сезонава број 13 екипи, а после есенскиот дел тимот на Куманово е во предност во однос на конкуренцијата.
Дел од екипите се засилија за пролетната полусезона и веќе е сосема јасно дека вториот дел од сезоната ќе биде максимално интересен бидејќи Металург, Вардар и Чаир ќе сакаат да го стигнат Куманово и секој натпревар меѓу нив ќе биде возбудлив и неизвесен.
Првото дерби за Куманово ќе биде во 16. коло на крајот од март…

Read More

Утре играме со екипата на Ибар

Утре играме со екипата на Ибар

Кумановци вчера пристигнаа во Црна Гора, по малите проблеми по патот и граничните премини. Имено, како што дознавме, на еден од нашите кошаркари му била измината дозволата за привремен претстој во државата, а и возачот заборавил некои документи на граничниот премин Табановце, па морале да се враќаат и патот да го продолжат преку Албанија.
Како и да е, тие се на сигурно и веќе утре играат нов меч, против составот на Ибар од Рожаје со почеток…

Read More
1 106 107 108 109 110 121