Петрушевски реизбран за претседател на Сојуз на спортови

Сашо Петрушевски, повторно е избран за претседател на општинскиот Сојуз на спортови. На неодамнешното собрание, каде што членуваат голем број на спортски клубови од градот, тој едногласно ги доби гласовите за да остане на истата функција. Вели дека во претстојниот период најмногу внимание ќе посвети на најболната точка во овој период, односно финансирањето на клубовите, кои што бележат значителни резултати.
-Овие последни години по едно затишје во спортот покрај сите социјални измени во закон за спорт…

Read More

Одбележан „Европскиот ден на јазиците“

Со специјалитети од англиската, француската, италијанската и германската кујна и културно уметничка програма, во основно училиште 11-ти октомври денеска се одбележа 26-ти септември, Европскиот ден на јазици. Во рамки на манифестацијата учениците зборуваа за културата и традицијата на четирите европски држави. Инаку 11-ти октомври е единствено училиште во градот кое што нуди можност за изучувањето на четири странски јазици.
-Децата стекнуваат основи на странски јазици кои подоцна ги надоградуваат и се обидоа на еден креативен начин…

Read More

Отворен саемот „Денови на мед 2015“

На Градскиот плоштад утринава свечено беше отворено 16-тото издание на тридневната саемска манифестација „Денови на мед 2015“. Мед и други пчелни производи изложија тринаесет пчелари од Куманово и еден од Берово.
Претседателот на пчеларското здружение „Пчела“, Часлав Ристовски истакна дека оваа манифестација многу придонела за афирмација на пчеларството и производителите на медот. Но тој наведува дека годинава поради сушниот период имаат извадено само десет до 15 килограми мед по кошница.
И останатите пчелари се согласуваат дека оваа…

Read More

Уличен флеш моб на Градскиот плоштад

Со уличен флеш моб на Градскиот плоштад во Куманово, млади локални и странски волонтери, како и ученици од речиси сите средни училишта, денеска наплaдне упатија порака дека треба да се поттикне размислувањето на граѓаните во процесот на донесување одлуки кои што се значајни за општеството. Манифестацијата е во рамки на проектот Балкан акција 2015, која што ја имплементира Центарот за интеркултурен дијалог, во соработка со организациите Центар за истражување ЦХРДС од Србија и Бијонд Бериерс…

Read More

Медиумите ја бојкотираа седницата на советот

Кумановските медиуми денеска ја бојкотираа седницата на Советот на Општина Куманово, затоа што се против воведување акредитации за следење на седниците. Сметаат дека надлежните прво треба да им обезбедат соодветни услови за работење, па тогаш да им воведуваат одредени правила. Додаваат дека не дозволуваат некој да им го ограничува пристапот, односно да им одредува каде ќе седат, од кој позиција и колку ќе снимаат. Велат во време кога се бориме за слобода на изразување, некој…

Read More

Димитриевски: Не ја ограничувам слободата на изразување

На обвинувањата на новинарите дека со акредитацијата се ограничува слободата на изразување, претседателот на Советот, Максим Димитриевски се правда дека одлуката ја донел исклучиво заради обезбедување доволен број на места за сместување.
Тој нагласува дека не се работи за ограничување на правата на новинарите и апелираше медиумите што помасовно да ги следат седниците и трансперентно да ја информираат јавноста.
-Во овој случај не станува збор за класична акредитација, која што нема да овозможи пристап на сите новинари…

Read More

Новинарите не сакаат акредитации за Советот

Кумановските новинари не се согласуваат со одлуката за воведување на акредитации за следење на седниците на Советот на Општина Куманово. Тоа го потврдува фактот што во пресрет на утрешната седница, само тројца новинари поднеле барање за присуство. Тие сметаат дека на овој начин постои можност да им се ограничи слободата на изразување, затоа што може да се случи некој новинар од оправдани причини да не може навреме да аплицира, што значи дека нема да може…

Read More

Одбележан Денот без автомобили

Со ревијално возење велосипеди на булеварот Октомвриска револуција, триесетина ученици од основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ денеска го одбележаа Денот без автомобили и европската „Недела на мобилност“. Од Општина Куманово истакнаа дека преку манифестацијата сакаат да упатат апел до граѓаните за користење на алтернативни превозни средства, како што се велосипеди и градски превоз, со што ќе се допринесе за намалување на загадување на животната средина и бучавата, но и за заштита на буџетот.
-За…

Read More

Волк удави овци во село Орашац

Дваесет удавени овци од волк утринава во својата штала затекнал 48-годишниот Горан Николовски од селото Орашац. Тој раскажува дека други десет овци избегале, а само седум се спасиле. Направената штета сопственикот ја проценува на повеќе од 3.000 евра.
-Утринава кога дојдовме околу 5 часот мајка ми ми се јави околу 4 ипол ми рече да дојдам волк влегнал во трло. Јас дојдов веднаш овците ги немаше. Тие што беа удавени, другите беа на 100 метра на…

Read More

Осветена црквата во село Умин Дол

Денеска беше осветена новата црква Свети Никола Летен во селото Умин Дол. На свеченоста присуствуваа над 200 верници, а чинот на осветувањето го изврши кумановско-осоговскиот митрополит Јосиф. Тој истакна дека овој храм, ќе го врати духовниот живот во ова село, но и ќе остане сведоштво за едно време и народ, кој длабоко во себе ја носи верата за Господ.
-Денес ние завршивме едно убаво дело градено со љубов, за вечноста. Се собравме заедно и го осветивме…

Read More
1 372 373 374 375 376 381