Во Режановце се прослави Св. Јован Отсечен

Со црковен-народен собир утринава во село Режановце се славеше селската слава Свети Јован Крстител Отсечен. На чествувањето на празникот присуствуваа верници од градот и околината, кои запалија свеќи и се помолија за здравје и благосостојба на најмилите. Во црквата се одржа света литургија која ја водеа свештеници од кумановско-осоговската епархија.
Според осумдесет и двегодишниот Душко Николовски, жител на оваа село и учесник во изградбата на црквата, од година во година се повеќе се намалува бројот на…

Read More

Изучување на хрватски јазик во „Браќа Миладиновци“

Хрватската заедница во Македонија, поточно огранокот  Куманово организира часови за изучување на хрватскиот јазик во основното училиште „Браќа Миладиновци“. Претседателот на огранокот, Иван Шеркиниќ наведе дека изучувањето е бесплатно, а го финансира Министерството за образование на Република Хрватска.
-Oсновна цел е членовите на заедницата на Хрвати подобро да го изучат својот мајчин јазик, а за останатите граѓани кои сакаат да се стекнат со дополнително знаење за хрватски јазик. Мое мислење е дека секое познавање на повеќе…

Read More

Министерката најави нови проекти на НУ „Музеј Куманово“

Националната установа „Музеј Куманово“ каде што се наоѓаат етнолошката, историската и архиолошката поставка до крајот на годината ќе добие нова покривна конструкција, а Занетчискиот дом и Спортската сала Соколона до 2017 година ќе имаат нови фасади, ова го најави министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска при денешната посета на Куманово. Министерката нагласи дека 70 проценти од предвидените проекти на кумановскиот музеј се завршени, а голем број се во реализација. Таа инфомираше дека  ќе продолжат археолошките…

Read More

Промовиран филм за убавините на Бислимска клисура

„Дојдете, видете, уживајте и зборувајте за убавините на Бислимска клисура“ е насловот на документарниот филм кој има за цел да ги претстави убавините и потенцијалите за развој на алтернативен туризам. Блислимската клисура која се протега на површина од седум километри, е лоцирана по течението на Пчиња, а карактеристични за неа се неколкуте пештери, ендемски видови на растителен и животински свет. Според организаторите излетнички, селски, ловен и риболивен туризам, спортско качување и алпинизам, зип линии, параглајдин, кајакарство…

Read More

Пензионерите организираа шаховски турнир

По повод 8-ми септември, Денот на независноста на Македонија, Здружението на пензионери Куманово утринава организираше шаховски турнир. На истиот учествуваа пензионери од здружението, како и од огранокот од општина Липково.  Инаку учествуваа 14 натпреварувачи, а една партија шах траеше 20 минути.
-Имаме добри натправарувачи, но се случува некогаш да добијат, но и да изгубат-изјави Љубомир Димитриевски, член на комисија за спорт одмор и рекреација при Здружение на пензионери.
Натпреварувачите истакнаа дека им претставува задоволство што со овој…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ: Општината го запостави маалото Палестина

Општината со години нема слух за децениските проблеми со кои што се соочуваат мештаните на таканареченото маало Палестина, кое се наоѓа во селото Долно Којнаре, истакнаа од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Тие го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски дека на ова место кое што е три километри одалчено од центарот на градот, доаѓа само пред изборите, за да собере гласови, а не и да ги реши проблемите со кои што се соочуваат.
-Со години бараме од…

Read More

Од недела намалување на температурите

Куманово денеска и утре ќе биде во портокалова фаза, а температурите ќе достигнат до 38 степени целзиусови.  Метеорологот, Борис Секирарски истакна дека вакви високи темепратури во септември биле забележани и во минатото. Тој потсети дека во далечната 1946 година во Демир Капија биле измерени околу 40 степени целзиусови.
-Исто поблизок септември со вакви високи температури сме имале 2008 година на повеќе места биле достигнати максимуми во месецот септември во дотогашниот период. Македонија вчера и денес во…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ: Општината не ја одржува населбата Карпош

Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денеска го обвинија градоначалникот и локалната самоправа дека ја запоставилa и не ја одржуваат населбата Карпош. Тие нагласија дека 10.000 жители секојдневно се соочуваат со многу коминални проблеми, недостаток на вода, неасфалтирани и раскопани улици и слично.
-Насекаде може да се види ѓубре кое со недели не го собира јавното претпријатие „Чистота и зеленило“. И покрај сите молби и укажувања од страна на жителите и општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ…

Read More

Оштетен мост опасност во Проевце

Жителите на Проевце секојдневно поминуваат по оштетениот и небезбеден мост кој се наоѓа на влезот на селото, поточно во близина на Кумановската бања.  Тие не помнат кога мостот бил реновиран, а додаваат дека постојано го уништуваат несовесни возачи. Велат дека стравуваат за децата, кои одејќи кон училиштето  поминуваат покрај оградата која што е урната, бидејќи може да се случи да паднат директно во кумановската река.
-За деца е премногу опасно, тие одат на училиште, мали се,…

Read More

„Заедно за граѓаните“ за Денот на независноста

По повод Денот на независноста на Македонија, во понеделник ќе се одржи манифестација насловена „Заедно со граѓаните“, која што ја организира Советот на Општина Куманово. На манифестацијата ќе се одржи презентација на работата на полицијата, противппожарната единица, црвениот крст и Брзата помош. Претседателот, Максим Димитриевски информираше дека истата има за цел да ги претстави надлежностите на овие институции.
-Кога разговараме за овие институции, граѓаните ги доживуваат од лична перспектива онака како што ги гледаат, но улогата…

Read More
1 374 375 376 377 378 381