Прослава на Света Петка во Младо Нагоричане

Во село Младо Нагоричане вечерва традиционално ќе се одржи прослава на празникот Света Петка, каде што се наоѓа истоимената црква. Верниците кои што се очекува да дојдат од сите краишта, освен празнична богослужба ќе имаат можност да уживаат и во богата културно уметничка програма.  Оваа прослава веќе неколку години наназад ја организира месната заедница на Младо Наогичане со поддршка на Општина Старо Нагоричане.
-Планирано да се одржи турнир во мал фудбал, на него ќе се натпреварува…

Read More

Уапсени девет лица во акцијата „Ќелија“

Девет лица се уапсени, а по 27 Министерството за внатрешни работи се уште трага, по денешната антитерористичка акција насловена Ќелија, против осомничени структури на исламска држава во Македонија.
Осомничените се товарат за организирање и врбување на поединици да заминат во паравоените формации надвор од државата. Уапсените се македонски државјани и од различна националност.
Собирањето на доказите започнало во септември минатата година и траело до јули годинава, по наредба на јавното обвинителство. Утринава е извршен претрес во 28…

Read More

Нов лик ќе добијат „Браќа Миладиновци“ и „Бајрам Шабани“

Со пари од УСАИД се реновираат училниците во основните училишта „Браќа Миладиновци“ во Соколана и „Бајрам Шабани“. Во тек се градежните активности за замена на прозорците и подовите, а целосно ќе се обноват и училишните тоалети. Санацијата која е дел од проектот „Мултиетничка интеграција во образованието“, се очекува да заврши наредниве денови. Од училиштето се надеваат дека со реновираните училници ќе се подобрат условите за настава на учениците од прво до петто одделение.
-Ова за нас…

Read More

Престрелка во Лопате

Вечерва по 21 часот, на локалниот пат Куманово-Липково, во близина на железничката пруга во селото Лопате дошло до престрелка на две групи, кои пристигнале со автомобили.
Според неофицијална информација во престрелката има повредени, а пукањето било помеѓу лица од Отља и Липково, кои имале недоразбирање од порано.
Поради вооружената пресметка блокиран е патот кон Липково, а на лице место заминала колона возила на специјалци. Просторот го надлетуваат и хелихоптери.

Read More

Куманово донира парична помош за Тетово

Педстотини илјади денари од буџетот на Општина Куманово ќе бидат донирани за помош на семејствата погодени од поплавите, кои го зафатија тетовскиот регион, беше одлучено на денешната вонредна седница. Освен парична помош Општината планира да испрати своја механизација и цистерни со вода, за да помогне со водоснабдувањето и чистењето на улиците во поплавените подрачја. Градоначалникот Зоран Дамјановски истакна дека Куманово е град на солидарност и хуманост, а тоа го докажа со претходно дадената поддршка за…

Read More

Граѓаните вознемирени од пукањата од ловната сезона

Пукотниците од огнено оружје, кои викендов ги вознемирија граѓаните на Куманово не се од вооружени дејствија или семејни веселби, туку поради ловната сезона на прелетен дивеч. Од ловечките здруженија во градот објаснуваат дека сезоната за лов на птици започнала од први август и ќе трае до 31 март наредната година, а се одвива во законски определени  ловишта. Термините за лов се од шест до десет часот наутро и од петнаесет до деветнаесет часот навечер. Тие…

Read More

Мештани го блокираа приодот кон Романовце

Жителите на Романовце утринава повторно го блокираа селскиот пат на надвозникот на автопатот Куманово-Скопје, барајќи фирмите кои се сопственици на сепарацијата и асфалтната база во Романовце и каменоломите во Краста да им го асфалтираат патот.  Претседателот на месната заедница, Орхан Ахмети вели дека најголем проблем им претставува прашината која што се крева од товарните возила, а завршува на производите во нивните ниви.

-Веќе една недела има блокада овде под мостот за влез и излез од Скопје,…

Read More

Укшини бара оставка од Стојковски

„Куманово ќе има проблем со вода, се додека Горан Стојковски е директор на јавното претпријатие „Водовод“, тврдат од Кумановско-липковско поле. Затоа бараат тој да си поднесе оставка, а тие ветуваат дека проблемот со водоснабдувањето на градот ќе се реши за 5 дена.
-Нека поднесе оставка за максимум пет дена проблемот со вода ќе се реши,  бидејќи новиот директор најверојатно ќе менаџира поубаво. Јас потенцирам доколку за 24 часа Горан Стојковски поднесе оставка Куманово ќе си има…

Read More

Продолжуваат ископувањата на локалитетот Градиште

Продолжуваат археолошките ископувања на локалитетот Градиште во близина на селото Младо Нагоричане, поточно покрај магистралниот пат Куманово-Крива Паланка. Истражувањата кои започнаа минатата година со финансиска поддршка на Министерството за култура, покажаа дека се работи за многу значaен и интересен локалитет, кој што е прв од ваков вид во регионот. Според археолозите се работи за град од раноантичкиот период односно од 4-ти или 3-ти век пред новата ера. Градот имал свои издигнувања и падови, но најголемото…

Read More

Во Пелинце се одбележа Илинден

Со пригодна свеченост во Пелинце, се одбележа 71 година од Првото заседание на АСНОМ и 112 години од Илинденското востание. Пред меморијалниот центар, цвеќе положија делегации од Собранието, Владата, кабинетот на претседателот, генралштабот, Сојузот на борци, општините Куманово, Старо Нагоричане, Град Скопје, претставници од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и останатите политички партии, како и бројни граѓани.
Пред присутните се обрати претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, кој истакна дека Илинден е најголемото што и се случило на Македонија…

Read More
1 377 378 379 380 381