Најголемиот дел од населбите и селата во Куманово со години се заборавени од локалната власт. Само се ветува, но не се инвестира, посочија денеска од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Биљановце е само едно од населените места кое што во 21 –от век е без приклучок за водоводна и канализациона мрежа, со дупки на улиците, без улично осветлување, спортски игралишта и со руинирано училиште.
-Тука сме да Ве потсетиме дека вашата лична и партиска кампања воопшто…
Author: Снежа Петковска
Во сабота ќе се полага државна матура
На 4 јуни во сите средни училишта во државата ќе се полага задолжителниот предмет, односно македонски јазик и литература, албански и турски јазик и литература.
Во кумановското техничко училиште „Наце Буѓони“ државна матура ќе полагаат вкупно 127 ученици со настава на македонски јазик и 204 ученици со настава на албански јазик, информира директорката Лидија Михајловска.
– Освен државна матура се полага и завршен испит за учениците кои не мислат да продолжат на факултет, тоа се 89 ученици…
Крводарителска акција во СВР Куманово
60-тина вработени, но и пензионирани полициски службеници во СВР Куманово денеска беа дел од редовната крводарителска акција што се организира во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и општинската организација на Црвениот крст од Куманово. Денешните дарители на крв уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело.
-Деветти пат по ред дарувам крв и им порачувам на младите да бидат дел од овие крводарителски акции бидејќи на тој начин помагаат некому, изјави редовен крводарител
Дел од крводарителите…
Меѓународен ден на згрижувачки семејства
Денеска се одбележува Меѓународниот ден на згрижувачките семејства. На територијата на државата се регистрирани 147 згрижувачки семејства, а во општина Куманово само седум семејства се грижат за деца кои имаат потреба од љубов и поддршка и во периодот кога нивните родители не се во состојба да се грижат за нив овие семејства се нивна замена. Инаку, во центарот за социјални работи веќе се спроведува реномираната и светски распространетата Pride(прајд) обука. Тоа значи дека вработените во…
Read MoreЌе се осветлува стариот градски парк
Целосно ќе биде осветлен стариот градски парк во Куманово. Јавното претпријатие „Куманово паркинг“ денеска започна со реализација на проектот за осветлување, односно поставување на 65 канделабри во паркот кај градскиот стадион. За овој проект претпријатието одвои 2,5 милиони денари.
-Канделабрите се алуминиумски, со висина од четири метри и предвидено е да се постават низ целиот градски парк ,со што,целокупниот простор на паркот,ќе биде осветлен. Проектот беше најавен и во програмата за работата на јавното претпријатие за тековната…
Штрајкува судската администрaција
Судската администрација и денеска го продолжи штрајкот кој започна пред 8 дена. Според синдикалната организација на Основен суд Куманово штајкот е успешен со 100 процентно учество на вработените.Тие остануваат на своите барања- измени на Законот за судска служба, зголемување на платите на судските службеници, да им се исплатат ветените пет проценти и да се врати работното време од 7:30 до 15.30 часот.
-Притисоци од страна на судиите и претседателот на судот немаме, единствено како притисок може…
Светски ден за борба против пушењето
Пушењето е еден од ризик факторите кое што може да придонесе за појава на многу негативни заболувања на организмот, како што се тромбоза, разни крварења во мозокот, срцеви болести и слично , рече по повод меѓународниот ден за борба против пушењето невропсихијатарот Драги Караџински. Пушењето е штетно по здравјето на граѓаните, а особено за по младите генерации поради што лекарите порачуваат борбата против оваа зависност и навика да продолжи на сите полиња.
-Во последно време можам…
ВМРО ДПМНЕ со иницијатива за измена на буџетот
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ покренува иницијатива за измени на буџетот со што ќе се издвојат средства за распишување конкурс за ново идејно решение на крстосницата помеѓу булеварите „Октомврска револуција “и „Трета МУБ“. Ова денеска на пресконференција го соопшти претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Драган Петковски.
-Тоа е само една од многуте гормили проблеми и се надеваме дека со ова ќе иниицираме решавање и на останатите. Општинскиот комитет ….до вашиот мандат, изјави Драган Петковски,…
Болести на тироидната жлезда
Во земјава расте бројот на лицата што страдаат од нарушување на работата на штитната жлезда . Но, за жал многу од пациентите лекуваат други болести , долготрајно и безуспешно без да се посомневаат дека проблемите им се предизивикани од зголемено или намалено лачење на тироидната жлезда, предупредуваат лекарите. Во нашата држава имаме недостиг на продукти што се богати со јод , а внесувањето на јодот всушност влијае на исправната работа на тироидата, велат надлежните, но…
Read MoreГрадоначалникот ќе го прифати предлогот за кружен тек
Градоначаланикот на општина Куманово,Зоран Дамјановски на денешната прес конференција,која следеше како одговор на обвинувањата на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, рече дека е отворен за идеи и дека ќе ја прифати иницијативата за изградба на кружен тек кај крстосницата на булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“, но дека претходно е потребно да се донесе идејно решение за оваа крстосница.
Тој рече дека етaпно се работи и на санација и реконструкција на улиците во две зони од…