Меѓународен ден на згрижувачки семејства

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на згрижувачките семејства. На територијата на државата се регистрирани 147 згрижувачки семејства, а во општина Куманово само седум семејства се грижат за деца кои имаат потреба од љубов и поддршка и во периодот кога нивните родители не се во состојба да се грижат за нив овие семејства се нивна замена. Инаку, во центарот за социјални работи веќе се спроведува реномираната и светски распространетата Pride(прајд) обука. Тоа значи дека вработените во  Центарот за социјални работи Куманово и потенцијалните згрижувачи ќе ги поминат обуките со кои ќе ги подобрат своите знаења и вештини за згрижување на деца во семејствата. Програмата има за цел зголемување на бројот на згрижувачки семејства, но и да ги подигне квалитетот и стандардите на инволвираните во процесот. Програмата се имплементира во поголемите Центри за социјални работи во државата, а проектот  го реализираат Министерството за труд и социјална политика и СОС Детско село.

Коментари

коментар(и)